Чудо во Италија: Фиорентина, конечно, до прва победа

Делува неверојатно, но Фиорентина чекаше повеќе од четири месеци за да се израдува на првата калчолигашка победа што „виолетовите“ ја забележаа токму вечерва, славејќи над Удинезе со убедливи 5-1.

Во првите 15 овосезонски средби тимот од Фиренца имаше катастрофален скор од шест реми и девет порази, се наоѓаше закован на дното на табелата, но денешното добро издание и убедливата победа се добар предзнак дека „виолетовите“ би можеле конечно да се разбудат.

Додуша, мора да се истакне дека задачата им беше сериозно олеснета кога гостите во 8. минута останаа со играч помалку по црвениот картон на Окоје. Мондрагора го почна гол-шоуто во Фиренца, а по него меѓу стрелците за домашниот тим се запишаа и Гудмундсон, Ндур и Кеан (два гола).

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...