Екипата на Бостон селтикс приреди огромно изненадување откако успеа да слави на гостувањето против Кливленд со 108-111, нанесувајќи му го на актуелинот првак првиот пораз во плејофот оваа натпреварувачка сезона. Кливленд убедливо славеше на двете гостувања во Бостон, згора на тоа селтикси останаа и без помошта на Ајзеа Томас, но селтикси уште еднаш покажаа фантастичен карактер, успевајќи да избегнат „метла“, но и да внесат неизвесност во оваа серија.
Кливленд има за што да жали бидејќи домашниот тим доминираше во речиси целиот натпревар, а во еден момент во третата четвртина кавси имаа и 21 поен разлика (77-56). Сепак, Бостон влезе во шутерски ритам и успеа да се врати, за потоа со тројката на Ејвери на 0,1 секунда до крајот гостите да стигнат до сензационална победа.
Маркус Смарт погоди седум тројки за вкупно 27 поени за Бостон, херојот Ејвери постигна 20 за победничкиот тим, додека најефикасни во редовите на Кливленд беа Ирвинг со 29 и Лав со 28 поени. Леброн Џејмс го одигра еден од своите најслаби натпревари во плејофот, реализирајќи само 11 поени, со шест загубени топки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА