Неверојатно чудо какво ретко се гледа на фудбалските терени во европските клупски натпреварувања вечерва во Мостар на стартот од новата сезона во Конференциската лига на УЕФА.
Во Групата Е, Зрињски во Мостар го пречека големиот фаворит, холандски АЗ Алкмар. И Холанѓаните ја оправдаа фаворитската улога во првото полувреме поведувајќи дури и со 0-3 со головите на Ван Бредерод во 10. минута, Минјанс во 32. минута и Де Вит во 44. минута.
Кога се чинеше дека рутински ќе дојдат до триумфот, неверојатен пресврт на Зрињски во вториот дел кој со четири гола успеа да дојде до победа од 4-3.
Најпрво Кожуљ во 48. минута намали на 1-3, па Гудељ во 68. минута постигна и втор гол за домашните за 2-3, а Хрвановиќ во 71. минута израмни на 3-3.
Тотална еуфорија на трибините донесе Кожуљ со својот втор гол во 81. минута, вистински еврогол од 30 метри, за конечна победа на Зрињски од 4-3.
Во вториот меч во групата, Легија Варшава со 3-2 славеше против Астон Вила.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА