Нeверојатен натпревар одигра поранешниот норвешки шампион Стабаек против Егерсунд во 10. коло од Втората лига. Стабаек загуби натпревар и покрај тоа што имаше водство од дури 4-0 се до 63. минута од натпреварот.
Вистинско чудо какво ретко се гледа на фудбалските терени приреди Егерсунд кој во периодот помеѓу 63. и 72. минута постигна три гола, а на минута пред крајот од регуларниот дел изедначија на 4-4. Победничкиот гол следеше во 94. минута.
Стабаек беше норвешки шампион во 2008 година, а минатата сезона испадна од елитната конкуренција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

