Легендарниот ски-скокач Нориаки Касаи приреди вистинска сензација освојувајќи бод во Светскиот куп откако го освои 30. место во Сапоро со скокови од 117 метри и 104 метри.
Касаи, кој е роден на 6. јуни 1972 година, стана првиот натпреварувач во светската историја кој освоил бод по својот 50-ти роденден.
Светскиот шампион од 1992 година и освојувач на бројни светски и олимписки одликувања, во јуни ќе прави 52 години, сега воодушевувајќи го светот со својата спортска подготвеност.
Legendary! The jump that earned 51-year-old Noriaki Kasai
a World Cup point
He is the first-ever athlete to score at least one point after the age of 50
#fisskijumping #skijumping #skijumpingfamily pic.twitter.com/ABNFUt1O3a
— FIS Ski Jumping (@FISskijumping) February 17, 2024
Последен пат Касаи во Светскиот куп скокаше пред две години, но зацрта цел дека ќе освои бод по својот 50-ти роденден и успеа во тоа. Тој е и Гинисов рекордер по бројот на настапи во сите светски купови. Досега има 571 скок во Светскиот куп, а негова идна цел е да стигне до бројката од 600 скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА