Баерн Минхен е шокиран во првото полувреме од дуелот со Арминија во кое актуелниот германски и европски првак губи со 0-2. Главен проблем за баварскиот гигант е снегот што силно паѓа на „Алијанц Арена“, поради што полувремето мораше двапати да биде прекинувано за да бидат повторно исцртани линиите на теренот.
При ваквите услови многу подобро се снајдоа гостите од Билефелд, кои со двата удари кон противничкиот гол го матираа Нојер, шокирајќи го Флик и неговите избраници.

Баерн имаше свои шанси преку Сане, Коман и Чупо Мотинг, но шампионите не успеаја да го совладаат одличниот гостински голман.
Пред Баерн се уште 45 минути во кои баварскиот гигант ќе се обиде да ја надополни оваа негатива.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

