Чудото наречено Педри – Без промашено додавање цели 90 минути, ова не го можеше ниту Иниеста

Луис Енрике изненади со одлуката предност во средниот ред на Шпанија на сите натпревари од овој шампионат да му даде на Педри, новото „чудо од дете“ на Барселона кое му возврати на шпанскиот селектор со беспрекорни изданија на теренот.

Она што Педри го стори на синоќешното полуфинале беше неверојатно, со оглед на фактот дека тој во регуларните 90 минути немаше ниту едно единствено промашено додавање. Во првото полувреме тој имаше 31/31 успешност во додавањата, од кои дури 2 беа во противничката половина. Во ист ритам продолжи и во вториот дел, доминирајќи на средината од теренот во дуелите со италијанските играчи за врска.

Педри првото промашено додавање го имаше дури во 100. минута, а бројките на крајот од мечот беа неверојатни – 544 допири со топката, 65 комплетирани додавања од вкупно 67 обиди, 25 добиени дуели, создадени три големи шанси…

„Не знам дали го видовте Педри, она момче од 18 години, што направи на овој шампионат. Јас немам видено вакво нешто од 18-годишник, на оваа возраст така да доминира на ЕП, СП, па дури ни на Олимписки Игри. Тоа не го можеше ниту Андрес Иниеста, горд сум на Педри и верувам дека од него уште долго ќе гледаме вакви изданија во репрезентативниот дрес“, изјави селекторот Енрике по големото финале.

Се вчитува...