Со 19 години и 151 ден старост, Џејдон Санчо постигна гол за Борусија Дортмунд запишувајќи се во историјата на Бундеслигата.
Фантастичниот англиски крилен напаѓач стана најмладиот фудбалер откако се игра една од најсилните лиги на светот, кој постигнал 15 голови. Со погодокот против Келн го сруши рекордот на Хорст Копел од 1967 година, бидејќи Санчо е 34 дена помлад од него. Тој дојде во Дортмунд летото 2017 година од Манчестер Сити за осум милиони евра отштета и постигна еден гол во Бундеслигата во првата сезона. Минатата година постигна 12 шампионски погодоци и уште 14 асистенции, а со голот против Келн во првите две кола вброи два погодока од новата сезона. Тој веќе има и две асистенции, од која втората беше да се потврди победата на Борусија од 3:1 кај Келн.
19y 151d – @Sanchooo10 (19y 151d) is the youngest player in #Bundesliga history to score 15 Bundesliga goals, beating the record of Horst Köppel from 1967 by 34 days. Wunderkind. #KOEBVB @BlackYellow pic.twitter.com/TY1f3pJSsi
— OptaFranz (@OptaFranz) August 23, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА