Чуквума Акабуезе е нов фудбалер на ГФК Тиквеш

Македонскиот фудбалски прволигаш Тиквеш го формира тимот со кој ќе нападне што подобар пласман во новата сезона од Првата македонска фудбалска лига.

Клубот од Кавадарци вечерва и официјално го претстави како нов фудбалер Бентли Чуквума Акабуезе.

„Со богата кариера зад себе и јасна мотивација пред себе, Акабуезе ќе биде големо засилување и значаен адут за ГФК Тиквеш во претстојната сезона. Добредојде во нашето семејство, Чуквума“, порачуваат од Тиквеш. 

Се вчитува...