Хјеон Чунг се пласираше во полуфиналето на Австралија опен, откако во три сета славеше против Тенис Сандгрен со 6-4,7-6(5),6-3.
Тенисерот од Јужна Кореја стигна до најголемиот успех во кариерата, а во битката за финалето ќе игра против подобриот од пресметката меѓу Роџер Федерер и Томаш Бердих.
Чунг, кој има само 21 година, сосема заслужено дојде до триумфот над Сандгрен, кој исто така досега беше едно од поголемите изненадувања на турнирот.
Пресуден момент на мечот беше вториот сет, кој по голема борба му припадна на Јужнокореецот кој на крајот не можеше да ја сокрие радост…
„Ова е голем момент за мене. Не можам да верувам. Ова е мојот сон, ти благодарам Австралија што ми дозволуваш да го живеам својот сон“ – рече Чунг.
That moment. Chung's moment. ??#AusOpen pic.twitter.com/VVV86qQwuj
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 24, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА