Вардар го совлада тимот на Кристијанштад со 35-30, и целосно му се реваншираше за поразот во Шведска. Со тоа „црвено-црните“ се вратија на првото место во групата.
Тренерот на македонскиот вицепрвак Иван Чупиќ, истакна задоволство од победата и резултатот, истакнувајќи дека Вардар ќе мора да се подобрува.
„Честитки на мојот тим, честитки на навивачите кои не бодреа, и сите сакаме да играме во ваква атмосфера. Очекувавме тежок натпревар, и секој меч во Лигата на Европа е тешка. Сакавме во првите 10 минути да направиме голема предност, но мислам дека во вториот дел се стабилизиравме во одбрана, со малку повеќе трпение полека го градевме тој резултат. Се е важно за првото место во групата. Вардар секогаш мора да оди на секој трофеј, ние треба макотрпно да работиме. Знаеме дека треба да одиме чекор по чекор. Нормално мора да се подобриме, но одиме меч по меч. Среќен сум за оваа победа, и за секоја понатаму“, изјави Чупиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

