Чупиќ го спушти на земја „плачкото“ Јакобсен

Еден од најискусните во таборот на Вардар, Иван Чупиќ, знаеше како да го спушти на земја Николај Јакобсен откако тренерот на Рајн-Некар Левен причините за поразот ги побара во судиите, наместо во слабиот настап на својот тим во второто полувреме.

„Јас многу го сакам Јакобсен како лик и како тенер. Сепак, почнува да ми пречи што втор натпревар по ред се говори за Вардар и за судиите, што е апсолутно непотребно. Во ракометот сум 15 години и сум видел бројни неправди, но мој став е дека треба да се остане голем и кога се победува, но и кога се губи. Знаевме дека Некар-Левен игра подобро на гостински терен бидејќи не чувствува притисок, но ние уште еднаш покажавме карактер, дека сме подготвени да сториме се што треба за да дојдеме до победа“ – истакна Чупиќ.

Се вчитува...