Македонскиот вицешампион Вардар денеска означи старт на подготовките за новата сезона, во која „црвено-црните“ ќе влезат со нов тренер – Хрватот Иван Чупиќ.
Поранешниот крилен ракометар ја одржа првата прозивка, по што Чупиќ имаше можност да се запознае со играчите кои ќе ги бранат боите на Вардар.
„Тренерот Иван Чупиќ на првиот тренинг имаше дел од ракометарите кои почнаа со работа со кондициониот тренер, а другите треба да ги минат задолжителните медицински прегледи. Сите ракометари на кои клубот смета сезонава се во Скопје. Во следните денови ќе се завршат сите прегледи, а потоа од понеделник почнуваат и тренинзите во сала“, објави РК Вардар.

Предвидено е „црвено-црните“ летово да учествуваат на турнири во Охрид и во Скопје, а првиот официјален меч ќе го играат на 3 септември, Супер-купот на Македонија против вечниот ривал Е. Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

