Иван Чупуќ пропушти шанса од пенал да му овозможи реми на Вардар на гостувањето кај Мотор Запорожје во дуелот од вторто коло во групата А во СЕХА лигата. Хрватот не погоди од седум метри во ситуација кога Мешков водеше со 32-31. Претходно Барис Пукховски го постигна голот кој значеше победа за домашниот состав.
Првиот пораз сезонава, Вардар можеше да го избегне бидејќи направи притисок и имаше моност за пресврт во завршните минути од средбата. Мотор инаку беше постојано во предност, имаше два позитива на полувремето, а највисоки плус четири во текот на вториот дел.
Дибиров со шест гола бее прв стрелец кај Вардар, по пет постигнаа Криштопанс и Атман. Голманот Кугис имаше одлично издание во првото полувреме во кое забележа девет одбрани.
Мотор Запорожје со шест бода по две кола е лидер на табелата во воаа конкуренција, Вардар е на второто место со трите бода од победата над Пекинг во стартното коло.
Следен предизвик за Вардар е почетното коло од Лигата на шампионите, гостувањет кај Монпелје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА