Чупиќ: Одигравме одбрана како вистински шампиони

Иван Чупиќ имаше причина за задоволство откако неговиот Вардар успеа да излезе како победник од тешкото гостување во Битола против Пелистер, за бодови со кои „црвено-црните“ направија џиновски чекор кон шампионската титула.

Хрватскиот стратег ја доби тактичката битка со Алушовски, пред се со поставената одбранбена зона со која ги исфрли од ритам бековите на битолскиот состав, неутрализирајќи го главното оружје на „зелено-белите“.

„Првото полувреме игравме нервозно, со црвен картон, некако бевме многу нервозни и во транзиција, промашувавме зицери и губевме топки, но бевме во мечот. Заради голманот и добрата одбрана, не дозволивме Пелистер да направи поголема разлика, но се договоривме во вториот дел да се смириме, да продолжиме ваква одбрана и дека нашите пет минути ќе дојдат, дека Пелистер мора да го убрзаме во играта да ризикува и да ги чекаме нашите моменти. Фер и коректен меч, убава атмосфера, секогаш е добро да се игра во полна сала. Ова беше една шампионска одбрана за титула и тоа ни донесе два бода. Имаме уште три месеци од сезоната, половина март, цел април и мај. Има уште да се игра и за што да се бориме. И за титула и за Куп и за Ф4 во Европската лига, така што, одиме чекор по чекор. Знаеме дека ова е маратон. Освоивме два важни бода, но одиме напред и гледаме кон следниот меч“, изјави Иван Чупиќ по натпреварот.

Се вчитува...