Двократниот европски шампион Вардар стигна до голема победа во главната групна фаза во Лигата на Европа откако вечерва славеше на домашен терен против Мелсунген со 37-33.
По мечот свое гледиште на натпреварот даде тренерот на Вардар, Иван Чупиќ.
“Благодарам на противникот за фер играта. Покажаа на сите во сала дека имаат одличен тренер со свој систем. Од прв до последен момент покажаа дека сакаат да се докажуваат. Проблем на мојот тим беше потценување во првиот дел. Мојот тим не беше на ниво со енергија и трпение како што сакаме да играме. Сепак во второ полувреме покажавме дека имаме поголема ротација и со добрата партија не донесе на победа. Освен двата бода немам со што да бидам задоволен од овој меч. Кога играш во оваа сала мораш да даваш максимум. Ова го сфаќам како која грешка и јас сум виновен за тоа”, изјави Чупиќ.
Слично размислува и Вукашин Воркапиќ…
“Му честитам на мојот тим за оваа победа. Беше тежок натпревар бидејќи игравме поритв 7 на 6 цел меч. Во вториот дел одигравме подобро и тоа беше клучот за победата”, изјави Воркапиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

