Двократниот европски шампион Вардар стигна до голема победа на домашен терен против Бенфика од 33-27 во натпревар од третото коло од главната рунда во второто по ранг натпреварување на стариот континент, Лигата на Европа.
Тренерот на Вардар Иван Чупиќ по мечот даде свое видување на одличната партија на неговите избраници…
„Откако сум јас тренер ова беше првпат да одиграме еден екстра класа натпревар во одбрана. Сакам да им се заблагодарам на моите играчи и на навивачите кои постигнаа една синергија која што не водеше до победа на овој меч. Можеби не одигравме убав меч за око, но во одбраната бевме феноменални. Оставивме, нозе, раце и срце на терен“, изјави Чупиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

