Вардар со 35-27 славеше во првото дерби против Пелистер во ракометната Суперлига. Крилото на „црвено-црните“ Иван Чупиќ денеска го слави својот 35 роденден, вели дека ова е најдобриот подарок кој можеше да го добие.
„Пред почетокот на мечот во групниот чет побарав од соиграчите за роденден да добијам подарок победа против Пелистер и тие тоа го исполнија. Одигравме машки натпревар. Цел меч го контролиравме натпреварот. Два три пати беше и по десет разлика. Честитки до цела екипа, добро во одбрана добро во напад. Очекувавме дека сме во добар налет и дека ќе одиграме добро. Сите сме во форма и сме многу подобра екипа од тоа што бевме претходно. Пелистер е сериозен тим, се подготвувавме цела седмица. Не е ништо готово има уште многу да се игра“, вели Чупиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА