Десното крило на РК Вардар, Иван Чупиќ е пресреќен што неговиот тим е повторно шампион на СЕХА лигата. Хрватот на прес-конференацијата по мечот истакна дека „вардарци“ победија без одбрана, но напаѓачките планови успеваа, но и дека беа среќни што Штербик имаше свој ден на голот на македонскиот првак.
„Денес бевме подобриот тим. Екипата на Веспрем со сите сили се бореше, но сепак ние одигравме перфектно во нападот. Мечот го победивме без одбрана, но мило ми е што Штербик беше расположен, па бранеше кога беше најважно. Им честитам на Веспрем за мечот и им посакувам се најдобро во Лигата на шампиони. Нам ни останува да се фокусираме на Фленцбург и да се обидеме да го донесеме пехарот од ЛШ во Македонија“ – изјави Чупиќ.
Чупиќ беше прогласен за најдобро десно крило на турнирот и се најде во идеалниот тим на СЕХА лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА