Чупиќ: Потребни ни се повеќе играчи од клупата кои ќе помогнат

Вардар минимално со 34-33 загуби на гостувањето против ПИК Сегед во Лигата на шампионите. Ако е мала утеха за црвено-црните, играч на натпреварот беше прогласен Иван Чупиќ кој жали што одличната игра на тимот не беше наградена барем со бод.

„ПИК Сегед победи заслужено иако игравме добро на мечот. Заслужено одржувавме предност, имавме добра одбрана во вториот дел но исто така грешевме, што домашните ракометари го казнуваа. Мора да кажам дека играме против одлични тимови со далеку поголеми буџети и тоа доаѓа до израз. Нам ни требаат повеќе ракометари од клупа кои ќе помогнат во текот на натпреварот. Во моментов ги немаме, но ќе се бориме уште повеќе на секој следен натпревар“ – истакна Чупиќ по натпреварот.

 

„Вардарци“ сега ги очекува двомечот со Елверум во Скопје на 21. и 24. февруари.

Се вчитува...