Вечерва, салата „Боро Чурлевски“ во Битола од 19 часот домаќин на големата дерби пресметка меѓу Пелистер и Вардар 1961 во битката за шампионската титула сезонава во Суперлигата на Македонија.
Двата најлути ривали во македонскиот шампионат, со повеќе од сериозен мотив пристапуваат на денешниот дуел, желни до максимум за триумф.
„Пелистерци“ во мечот се впуштаат по убедливиот пораз од Барселона во последниот меч од Лигата на шампиони, а „вардарци“, пак, по убедливото издание против Мелсунген на гости за директен пласман во четвртфиналето во Европската лига.
Но, „вардарци“ ги чека пеколна атмосфера во Битола. И покрај тоа, тренерот Иван Чупиќ вели дека неговиот тим оди во Битола да го победи актуелниот шампион на Македонија.
„И Пелистер и ние имавме тешки натпревари во Европа, но сметам дека добро ќе се подготвиме бидејќи имавме време. Одиме во Битола кај нашиот најголем ривал кој е втор на табелата. Верувам дека добро ќе се подготвиме за овој меч бидејќи каде и да игра Вардар мора да оди на победа и да игра убав ракомет. Одиме во Битола како и на секој натпревар и да го победиме актуелниот шампион на Македонија“, вели Иван Чупиќ.
Последната пресметка меѓу двата тима, исто се играше во Битола и заврши со убедлива победа на битолчани од 28-23.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

