Чупиќ прозиваше: Ракометарите на Вардар означија старт на подготовките!

Ракометарите на Вардар 1961 означија почеток на зимските подготовки пред продолжението од сезоната во која „црвено-црните“ ќе се борат за враќање, по цели три години, на шапионската круна во Скопје.

По палката на Иван Чупиќ „вардарци“ го одржаа првиот собир, на стартот од првата фаза на подготовките која ќе се реализира на свој терен во Скопје се до 29 јануари.

Од 29 јануари, Вардар патува за Хрватска каде ќе учествуваат и на силен интернационален турнир со екипите на Загреб и Сесвете од Хрватска, како и словенечки Слован.

Тренерот Иван Чупиќ низ првата фаза од подготовките ќе работи без репрезентативците во своите редови. Марек Марчињак, Виктор Јанковски и Милош Валах се со Полска на Европското првенство, а Урош Митровиќ, пак, ќе ги брани боите на Србија.

Пролетниот дел од сезоната за „вардарци“ стартува на 7 февруари со дуелот на домашен терен против екпипата на Куманово.

Се вчитува...