ЕКИПА на ЕП во Хрватскa,
Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски
Хрватска има минимални шанси за пласман во полуфиналето од ЕП 2018, „коцкестите“ играат далеку под очекувањата, а Лино Червар се мачеше да ја најде победничката комбинација и на дуелот со Белорусија што „коцкестите“ едвај го добијa.
„Водевме со по пет гола, но не успеавме мирно да го завршиме натпреварот. Најважно сепак е што извлековме два бода пред дуелите со Франција и Норвешка. Предизвикот е голем, но ние веруваме дека можеме да се надигруваме со финалистите од последниот мундијал и да стигнеме до двете победи што би ја одвеле Хрватска во полуфиналето“ – изјави Иван Чупиќ, десното крило на Вардар и на хрватската репрезентација.
Како што стојат работите во моментов, многу пореално е во полуфиналето да се најде Македонија отколку домаќинот Хрватска.
„Ги гледавме сите ваши натпревари и навистина сум импресиониран од начинот на игра на Македонија. Имате уште предизвици, но искрено се надевам дека ќе се вратите назад во Загреб за да играте полуфинале. Моја желба е да има што повеќе балкански репрезентации во завршната борба за медали“ – порача Чупиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА