Чупиќ: Сакам кога играм против екипи како Тулуз кои играат ракомет со многу трчање и тепање

Двократниот европски шампион Вардар со победа на домашен терен над Тулуз од 37-35 на најдобар можен начин ја заврши европската авантура за оваа 2025 година.

Вардар во вториот круг пренесува два бода (победа и пораз со Кристијанштад), а за противници таму ќе ги има германски Мелсунген и португалска Бенфика. Од оваа група првиот ќе оди директно во четвртфиналето, додека второ и трето пласираниот ќе играат осминафинале.

Тренерот на „црвено-црните“ Иван Чупиќ по мечот изјави дека е задоволен од вториот дел, но не и од првиот.

„Фер и коректна екипа која игра по мој вкус. Сакаат да трчаат и да се тепаат и никогаш не се предаваат. За мене овој меч беше важен поради две причини. Прво поради менталитетот на мојот противник и знаев дека никогаш нема да се предадат. Второ не бев задоволен од првиот дел, бидејќи не смее да се опуштиш воопшто. Сепак, во второ полувреме покажавме многу поголема енергија што ја дигна и публиката што на крајот беше доволно за победа и нови два бода“, изјави Чупиќ.

Голманот Васил Гогов кој натпреварот го заврши со 12 интервенции, по мечот изјави дека е среќен што ја продолжиле низата на победи.

„Иако немаше резултатско значење овој меч дадовме се од себе да го задржиме победничкиот менталитет“, изјави Гогов. 

Се вчитува...