Чупиќ три години во Загреб: Се враќам дома, да помогнам колку што можам

Иван Чупиќ и дефинитивно си оди од Вардар на крајот од сезонава, откако хрватскиот репрезентативец реши пред крајот на кариерата да се врати во татковината и да потпише со Загреб. Трансферот беше најавен уште пред еден месец, за Загреб денеска и официјално да објави дека е постигнат договор за тригодишна соработка со извонредното крило.

Чупиќ има три титули во Лигата на Шампионите, две од нив како член на Вардар, а во својата богата криера има настапувано и во Киелце, Некар-Левен, Горење, Октавио Виго, Медвешчак и Метковиќ. Тој ќе му се приклучи на Загреб од 1 јули 2021 година.

„Цели 15 години играм во странство, понудата од Загреб дојде во вистински момент за мене и моето семејство. Се пронајдов во визијата и планот на клубот за следните неколку години, решив дека е време да се вратам дома и да помогнам колку што можам“, истакна Чупиќ.

Се вчитува...