Чупиќ: Вардар секогаш е мој приоритет, останувам најмалку до крајот на сезонава

Иван Чупиќ уште еднаш ја потврди лојалноста кон Вардар, истакнувајќи дека нема намера да се пресели во редовите на Кил и покрај покажаниот интерес од новокрунисаниот европски шампион. Тој во изјава за хрватскиот весник „Спортске Новости“ потврдува дека веќе добил интересни понуди за продолжување на кариерата, но приоритет ќе му биде да се обиде да најде заеднички јазик со „вардарци“, за да го продолжи договорот што истекува на крајот од сезонава.

„Фала на Бога, понуди има, што е добро за играч на мои години. Сепак, Вардар отсекогаш бил и ќе биде мој приоритет. Ако некој сака да ме донесе, ќе мора да го контактира клубот. Она што јас го знам е дека останувам до крајот на сезонава. Реков дека ќе останам за да помогнам клубот да го мине кризниот период и го одржав тоа ветување. Сега на управата е да донесе одлука, ако сака да ме задржи, ќе мора да се изјасни“, изјави Чупиќ за „Спортске Новости“.

Сериозен интерес за десното крило искажува и тимот на Загреб, а според неофицијалните информации понуда има испратено и Мешков Брест, но Чупиќ не делува заинтересирано за преселба во Белорусија.

Се вчитува...