Двократниот европски шампион Вардар утре на домашен терен против хрватски Сесвете ќе го отвори настапот во новата сезона од Лигата на Европа.
Тренерот на „црвено-црните“, Иван Чупиќ пред утрешниот меч вели амбициите на Вардар секогаш се големи.
„Вардар секогаш има големи амбиции и очекувања. Знаеме дека мора да имаме што подобар резултат. Тоа се амбициите на клубот и амбициите на сите нас. Одиме чекор по чекор. Немаме атрактивна група по имиња, но имаме тешка група. Се пренесуваат бодови во следната фаза па затоа мораме да играме на максимум секој меч. Сесвете е млада и квалитетна екипа која има желба за докажување. Наша прва цел е да освоиме колку можеме повеќе бодови на стартот на сезоната. Со полна сала верувам во победа“, изјави Чупиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

