Еден од најдобрите хрватски ракометари на сите времиња и човек кој остави голем траг во македонскиот великан и двократен европски шампион Вардар, Иван Чупиќ ојбави дека ја завршува играчката кариера.
Чупиќ играше за Вардар од 2016 до 2021 година, а ги освои вардаровите срца со голот против ПСЖ во последната секунда во финалето на Лигата на шампиони. Во неговиот мандат во Скопје тој беше дел и од двете титули во ЛШ.
„Сигурен сум дека во четврток ќе го одиграм последниот меч во кариерата. Останувам дел од тимот затоа што инсистираше Андрија Николиќ. Сакам да бидам и тренер, ќе видиме дали таа улога е за мене“, кажа Чупиќ.
И покрај крајот на играчката кариера, Чупиќ ќе остане во таборот на загрепчани каде ќе биде дел од стручниот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА