Ракометарите на Вардар претрпеа несреќен пораз на последното гостување во Шведска, но веќе утре ќе имаат можност за реванш, во 18.45 часот во салата „Јане Сандански“ ќе го пречекаат тимот на Кристијанштад.
Поразот на претходниот меч беше крајно несреќен, со примен гол во последните секунди, но тоа ќе биде само мотив плус за „вардарци“ да се реваншираат „со камата“ и да направат џиновски чекор кон следната фаза од ЕХФ Европската лига.
„Пред нас е реваншот со Кристијанштад, откако го загубивме тој меч со само еде гол разлика. Кога ќе претрпите пораз се преиспитувате, анализирате… Одиме на победа пред нашата публика во „Јане Сандански“. Секогаш мора да важиме за фаворит, ги повикувам навивачите да направат вистинска атмосфера и со победа да се избориме за првото место што сите го посакуваме. Пред се, мислам дека нападот со игра „шест на шест“ беше добар, но имавме доста технички грешки во транзиција и при трчањето. Сите скандинавски екипи како и Кристијанштад, прават резултат на грешките на противникот. Една од главните работи кои ги договаравме е поголема дисциплина во трчањето, бидејќи тука мора да се подобриме најмногу за добар резултат. Се посветивме повеќе на тоа и мислам дека тоа може да ни помогне. Секогаш калкулираме и за иднината, ама во оваа фаза на натпреварувањето никој не може ништо да гарантира. Мора да играме, да напредуваме и да се поправиме. По зимските подготовки очекувам дека Вардар ќе биде најдобар што може да биде од февруари до јуни, а за што тоа ќе биде доволно – ќе видиме. Свесен сум каде дојдов, а Вардар мора секогаш да победува. Ова е тим во кој дури и ако имаме само шест подготвени играчи мора да оди на триумф“, изјави Чупиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

