Вардар со стил ја прослави 14. титула во домашниот шампионат откако во последното коло славеше убедливо над Металург со 39-27. Легендата на „црвено-црните“, Иван Чупиќ го одигра последниот натпревар во дресот на македонскиот клуб.
Еден од најзаслужните за двојната круна на Вардар во Лигата на шампионите и стрелецот на историскиот гол со кој Вардар во 2017 за првпат стана шампион, на само себе својствен начин се прости со клубот кој засекогаш ќе остане во неговото срце. Двојна титула во домашниот шампионат, проследена со овации од малобројната публика „Чупко мајсторе“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА