Дарко Чурлинов без настап се збогуваше од Шалке

Дарко Чурлинов без настап се збогуваше од дресот на Шалке. Неговиот тим играше на гости со Гројтер Фурт, а Чурлинов го немаше во комбинација за овој натпревар. Сега македонскиот репрезентативец треба да се врати во Барнли, тим со кој е под договор до 2025 година.

Тешко дека Шалке ќе има средства да го откупи неговиот договор, па така сега Барнли ќе одлучува за неговата иднина.

Неиграњето е лоша вест и за македонскиот селектор Благоја Милевски пред натпреварите со Хрватска и со Чешка во јуни. Чурлинов последен пат играше на 13. април и тоа само четири минути.

Не се прослави по враќањето во Шалке, затоа што ниту еднаш не одигра цел натпревар, а вкупно во 10 настапи одигра само 325 минути.

Се вчитува...