Чурлинов: Да го победиме и Израел, па да се надеваме и на ЕП

Младата македонска фудбалска репрезентација со победа се врати од Казахстан и за да го затвори успешно овој квалфикациски прозорец ќе треба да биде подобра и од Израел во натпреварот од квалификациите за пласман на следното Европско првенство. Нашиот тим е во обид да биде меѓу најдобрите втортопласирани кои ќе обезбедат место на континеталниот шампионат.

„Подготвени сме. Сите ќе дадеме 100 проценти. И повеќе од тоа. Се надеваме на три бода. Ќе дадеме се од себе. Ќе се придржуваме на инструкциите од селеторот, тоа е најважно за нас. На нас е да ги одиграме добро сите натпревари до крај. Да освоиме што е можно повеќе бодови, а на Господ е дали ќе се пласираме на ЕП“ – вели еден од хероите на триумфот против Касахстан, Дарко Чурлинов.

За спектакуларниот гол со кој направи клучен потег за успехот на нашата селекција на гостувањето, скромно вели дека само помагал на тимот.

„Драго ми е што го дадов тој гол пред полувреме, го направи тоа за екипата, за да бидеме поблиску до Европско првнество. Значаен гол беше . Добро е што така излезе резултатот на крај. Драго ми е што успеав да помогнам на екипата пред се“.

Во пресрет на дуелот со Израен нашата селекција на втората позиција на табелата има 13 бода, два повеќе од следниот противник. Шпанија е неприкосновена на првото место со 19 бода.

Се вчитува...