Чурлинов дефинитивно отпаѓа за дуелите со Грузија и со Бугарија, го чека пауза од најмалку еден месец

Дополнителни проблеми за македонскиот селектор Боби Милевски пред последните два натпревари од Лигата на нациите против Грузија (23. септември, Тбилиси) и Бугарија (26. септември, Скопје).

И дефинитивно, поради повреда, за септемврискиот собир отпаѓа крилниот офанзивец Дарко Чурлинов.

Чурлинов заработи повреда на задниот бутен мускул на еден од последните тренинзи на англиски Барнли, а по дополнителните прегледи утврдено е дека, сепак, не се работи за наивна повреда поради што ќе мора да паузира најмалку еден месец. Па, и дефинитивно нема да биде во комбинација и за репрезентативните настапи против Грузија и Бугарија.

Се вчитува...