Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов има сериозни понуди за повторно враќање во Полска, каде настапуваше во дресот на Јагелонија.
Чурлинов во финишот на есенскиот дел од сезоната демонстрираше одлични партии во дресот на турскиот Коџаелиспор, па веднаш следеше интересот од неколку полски клубови за негово враќање во земјата. Легија Варшава се спомнува како најзагреаниот клуб за негов ангажман, но како што пренесуваат турските медиуми Коџаелиспор не планира да го пушти.
„Македонскиот фудбалер е во плановите на тренерот на Коџаелиспор, Селчук Инан, и за вториот дел од шампионатот, па раководството на тимот на планира да прифати ниту една од понудите за Чурлинов кој се очекува да добие и уште позапазена улога во тимот низ продолжението од шампионатот“ – пишуваат турските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

