Чурлинов е пред преселба во Полска

Дарко Чурлинов по завршувањето на позајмицата во Шалке се врати назад во Барнли, но веќе е извесно дека македонскиот репрезентативец не е дел од плановите на овој клуб за новата сезона во Чемпионшип-дивизијата.

Последните информации говорат дека Чурлинов е многу блиску до преселба во Полска, и тоа во редовите на шампионот Јагиелонија. Полските медиуми тврдат дека македонскиот крилен офанзивец веќе ги договорил личните услови и е подготвен за нова промена на клупските бои, но за тоа да се случи се чека на договор меѓу клубовите,

Јагиелонија веќе ги стартувала преговорите со Барнли, и тоа за едногодишна позајмица без клазула за задолжителен откуп. Челниците на полскиот клуб се оптимисти дека може да биде најден заеднички јазик за Чурлинов веќе во текот на следната седмица да допатува на лекарски прегледи и потпис.

Јагиелонија има максимални девет бода по првите три кола од новата сезона во полското првенство. Овој тим воедно ја мина и првата пречка во квалификациите за ЛШ, па во следната квалификациска рунда ќе се сретне со Бодо Глимт од Норвешка.

Се вчитува...