Чурлинов ги посети репрезентативните соиграчи, поддршка пред мечот со Италија (ФОТО)

И покрај тоа што, поради недоволна опоравеност по здравствените проблеми, не може да одговори на повикот на македонскиот селектор Благоја Милевски за септемвриските квалификациски дуели, членот на премиерлигашот Барнли, Дарко Чурлинов денеска со поддршка за своите репрезентативни соиграчи.

Чурлинов присуствуваше на денешниот тренинг на националниот тим, како што нагласи, со желба да даде поддршка за селекцијата пред квалификациската пресметка со европскиот шампион Италија.

Офанзивецот поради здравствени проблеми на почетокот на јуни, веќе три месеци е надвор од терените. Се очекува повторно да се врати во дресот на Барнли на почетокот од следниот месец.

Се вчитува...