Чурлинов го води Штутгарт до второ коло во купот на Германија (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов на најдобар можен начин ја стартуваше новата клупска сезона.

Македонецот беше херој на неговиот Штутгарт во победата на гостувањето кај Динамо Дрезден од 0-1 во натпревар од 1. коло во националниот куп на Германија. Чурлинов беше стрелец на единствениот погодок за својот тим, што беше прв во новата сезона во 33. минута од мечот. До крајот за издвојување е само уште црвениот картон на соиграчот на Чурлинов, Антон во 67. минута. Нашиот фудбалер беше заменет во 74. минута.

Во останатите два натпревари од понудата во 18 часот: Неусрелиц – Карлсруе 0-8 и Кан Маринборн – Нирнберг 0-2.

Голот за победа на Дарко Чурлинов можете да го погледнете на следниот линк. 

Се вчитува...