Чурлинов и Барнли елиминирани од Манчестер јунајтед во осминафиналето од Лига купот на Англија

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов и неговиот Барнли се елиминирани во осминафиналето од Лига купот на Англија, по поразот од 2-0 од Манчестер јунајтед.

“Црвените ѓаволи” ја оправдаа фаворитската улога на “Олд Трафорд” доаѓајќи до триумфот со головите на Ериксен во 27.минута и Рашфорд во 57.минута.

Чурлинов во игра влезе во 63.минута од средбата, имаше и 100% можност за погодок но не успеа да се запише во листата на стрелците.

 

Се вчитува...