Чурлинов и Барнли го елиминираа Борнмут од ФА Купот

Барнли приреди изненадување во ФА Купот на Англија, елиминирајќи го премиерлигашот Борнмут, и тоа со победа на гостински терен од 2-4. Тимот на нашиот Дарко Чурлинов на одличните настапи во Чемпионшип (каде е прв на табелата) се надоврза со извонредно офанзивно издание против тим од повисок ранг на натпреварување.

Чурлинов влезе во игра во 81. минута на местото на двојниот стрелец Зарури и три минути подоцна македонскиот репрезентативец заработи жолт картон.

Покрај Борнмут, елиминиран од ФА Купот беше уште еден премиерлигаш, и тоа Нотингем Форест по убедливиот пораз од 4-1 на гостувањето против Блекпул.

Фулам по голема битка славеше на гостувањето против Хал со 0-2 со головите на Курзава во првото полувреме и на Џејмс во 94. минута, додека Брајтон ја оправда фаворитската улога на гостински терен против Мидлсброу, триумфирајќи со убедливи 1-5

Се вчитува...