Чурлинов и Барнли ја прескокнаа првата пречка во Лига купот

Дарко Чурлинов и неговиот Барнли славеа на гостувањето кај Шрузбеди со минимални 0-1 во второто коло од годинашното издание на англискиот Лига куп. Еден неизвесен натпревар во кој нијанси одлучуваа, Чурлинов и соиграчите успеаја во второто полувреме да го урнат отпорот на домаќинот кој одлично се бранеше.

Клучниот момент на натпреварот се случи во 50. минута кога Бастиен на асистенција на Бенсон го постигна голот за 0-1 кој на крајот се покажа како доволен за победа на поранешниот премиерлигаш.

Дарко Чурлинов за првпат беше дел од стартната постава на тимот, а беше заменет во 66. минута.

Пласман во третото коло обезбедија и: Астон Вила, Саутемптон, Евертон, Кристал Палас, Вулверхемптон и Лестер а изненадувачки елиминација доживеа Фулам од Кроули.

Се вчитува...