Чурлинов и Барнли ќе мора да играат уште еден меч за осминафинале во ФА купот

Македонскиот фудбалски интенрационалец Дарко Чурлинов и неговиот Барнли ќе мора да играат уште еден меч за пласман во осминафиналето на ФА купот откако вечерва ремизираа без голови 0-0 на гостувањето кај Ипсвич.

Барнли игра одлична сезона во Чемпионшип и веќе со една нога е пред враќање во Премиер-лигата, а за добар настап во ФА купот ќе мора да чека на реваншот. Нашиот Дарко Чурлинов се најде во првиот тим на Барнли на мечот и одигра шеесет минути.

Во останатите мечеви од понудата од 16 часот во ФА купот: Бристол – ВБА 3-0, Фулам – Сандерленд 1-1, Саутемптон – Блекпул 2-1, Блекбурн – Бирмингем 2-2, Лутон – Гримзби и 2-2 и Шефилд В. – Флитвуд 1-1.

Се вчитува...