Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов и полската Јагелонија веќе со една нога се во четвртфиналето од Конференциската лига на УЕФА по убедливата победа од 3-0 пред своите навивачи во првиот осминафинален дуел против белгиски Серкл Бриж.
Јагелонија до победата дојде со три гола во последните 20 минути од мечот, целосно кршејќи го отпорот на гостите.
Дарко Чурлинов беше стартер во полскиот тим, играјќи до 61. минута од средбата.
Jagiellonia Białystok 1-0 Cercle Brugge – Afimico Pululu penalty 69′
byu/4gjdtokurwa insoccer
„Македонскиот“ Борац Бања Лука во чии редови се Дамјан Шишковски, Бобан Николов и Колумбиецот со македонски пасош, Себастијан Херера, пак, ремизираше (1-1) пред своите навивачи со Рапид Виена. Борац до ремито дојде со голот од пенал на Вуковиќ во 91. минута од натпреварот.
Николов настапи до 59. минута на натпреварот, Шишковски остана на клупата за резерви, а Херера паузираше поради жолти картони.
Словенечки Цеље триумфираше против Лугано на домашен терен, а Пафос славеше со идентични 1-0 против шведски Ѓурѓарден.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

