Чурлинов и Зајиќ нови засилувања за Силекс

Силекс денеска промоцираше две нови имиња во своите редови. Кратовскиот тим се засили со Димитрије Зајиќ и со Кристијан Чурлинов.

Зајиќ е 28-годишен фудбалер кој игра во средниот ред. Настапуваше за неколку српски тимови, меѓу кои Синѓелиќ, Дунав, Инџија, Пуковац и Сврљиг. Во последните две години настапуваше за Слога Добој од БИХ.

Чурлинов, пак, доаѓа од редовите на Скопје. Станува збор за 22-годишен десен бек, кој може да игра и на левата позиција.

Претходно Силекс се засили со Каланоски, Попоски, Петров и Игнатов.

Се вчитува...