ЕКИПА во Гент, Белгија
Горан Бошев
Еден од најдобрите македонски репрезентативци Дарко Чурлинов под „посебен режим“ издвоено од групата го одработува вечерашниот тренинг на „Планет груп арената“ во Гент.
Иако нема официјални информации, Чурлинов влече мала повреда уште со приклучувањето во националниот табор, поради што од страна на Боби Милевски, има посебна програма за тренинг, но се очекува утре да биде на располагање на селекторот за пресметката со Белгијците.

Како што е познато, пак, во тимот нема да биде десниот бек од Струга ТЛ, Бојан Илиевски, поради жолти картони, а од стандардниот состав од претходно поради повреда отпадна Лирим Ќамили од дански Сондерјиске.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

