Чурлинов изнуди пенал за триумф на Шалке 04… (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов одигра уште еден квалитетен натпревар во дресот на Шалке 04, овој пат издвојувајќи се како еден од клучните фудбалери за победата на својот тим од 1-0 против Вехен во 22. коло од Втората германската Бундеслига.

Чурлинов изнуди пенал за Шалке 04 кој се покажа и одлучувачки за трите бода на домашните.

Дефанзивецот на Вехен, Александар Вукотиќ во 60. минута стартуваше врз македонскиот репрезентативец кој беше во одлична позиција да погоди за водство на својот тим, па главниот судија сосема оправдано досуди пенал за Шалке 04. Сигурен реализатор на ударот од белата точка за Шалке беше Караман за 1-0.

Дарко Чурлинов, кој во континуитет по враќањето во Шалке е стартер за својот тим, настапи до 65. минута за тимот од Гелзенкирхен. Во првото полувреме имаше неколку одлични продори по левата страна и за погодок, но неговите соиграчи не успеаја да искористат убави можности за предност на Шалке 04.

Се вчитува...