Чурлинов: Кога се игра за Македонија секогаш мора да бидеме на највисоко ниво!

Македонската репрезентација денеска ги финишира подготовките за квалификациските натпревари за пласман на СП 2026 против Белгија (6. јуни, Скопје) и Казахстан (9. јуни, Астана).

Избраниците на Благоја Милевски утре од 20:45 часот на арената „Тодор Проески“ најпрво ги очекува дуелот со Белгија. Јасно е дека противникот е голем фаворит, но еден од најдобрите македонски фудбалери Дарко Чурлинов нагласува дека кога се игра во националниот дрес, секој поединец мора да биде на највисоко ниво.

„Знаеме дека Белгија е фаворит, но ние играме за Македонија и треба да ја претставиме нашата репрезентација на највисоко ниво. Имав добро сезона зад мене, и посакувам да ја заокружам со два одлични настапи и позитивни резултати и во репрезентативниот дрес, затоа што на тој начин ќе ја продолжиме битката за што повисок пласман во групата во квалификациите за СП“ – вели Чурлинов пред утрешниот дуел со Белгија.

Се вчитува...