Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов за германскиот медиум „Скај Спорт“ говореше за ангажманот на Винсент Компани на тренерското место во Баерн Минхен.
Чурлинов и Компани соработуваа заедно во Барнли па своето искуство го сподели со Германците. Според Македонецот, белгискиот тренер е вистинскиот човек за таа функија.
„Тој е многу амбициозен и секогаш се обидува да го извади најдоброто од своите фудбалери на секој тренинг и на секој натпревар. Мислам дека тоа ќе го прави многу добро во Баерн. Беше многу успешен како фудбалер, што исто така има ефект врз неговите фудбалери. Има победнички менталитет и тоа е добро за Баерн во овој момент. Верувам многу во него, тој е одличен тренер и не мислам дека ќе има било каков проблем во Баерн. Тој исто така е одличен и од човечка гледна точка.
Кога бев болен, дојде во болница и ме посети, секогаш ќе има посебно место во моето срце. Работеше со години под водство на Пеп Гвардиола, тој е примерок на школата на Гвардиола, носи се што научил од Пеп. Се обидува да ги развие своите фудбалери на многу детален начин. Исто така многу добро работи со млади фудбалери. Мислам дека ќе направи големи работи во Баерн“, изјави Чурлинов за „Скај Спорт“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

