Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов ќе биде надвор од фудбалските терени до октомври.
Чурлинов, по здравствените проблеми во јуни и долгиот период на опоравување, беше подложен на дополнителни лекарски прегледи во Англија изминатиов период по што е утврдено дека ќе мора да паузира најмалку уште два месеци. Сето тоа значи дека Чурлинов нема да биде подготвен за престојните два репрезентативни собири, во септември и во октомври.
23-годишното лево крило му се приклучи на Барнли минатото лето од бундеслигашот Штутгарт на четиригодишен договор. Сепак, не успеа да се наметне во првиот тим па минатата сезона настапи само седум пати во Чемпионшиплигата во Англија.
Германски Шалке 04 ова лето покажува интерес за крилниот напаѓач и сакаше да го врати во Германија во тековниот прозорец, но сега преселбата во Гелзенкирхен или на кое било друго место е надвор од можност бидејќи Чурлинов сè уште закрепнува по јунските здравствени проблеми, најмалку до октомври.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

