Чурлинов: Пресреќен сум, играв со моите идоли Пандев и Несторовски! (ФОТО + ВИДЕО)

Дарко Чурлинов е дефинитивно име кое треба да се запемети за македонскиот фудбал. Со само 16 години и осум месеци, влегувајќи во игра на пријателскиот дуел со Белорусија, се запиша во историјата како најмлад сениорски репрезентативец на Македонија.

IMG_6219

Чурлинов не можеше да ја сокрие среќата по дебито за Македонија, нагласувајќи дека посебно е горд што играл покрај неговите идоли Горан Пандев и Илија Несторовски.

„Не знам што да кажам. Пресреќен сум што воопшто добив повик да настапам за сениорската репрезентација. Ме изненади повикот од селекторот Ангеловски, но горд сум што играв покрај мојот идол Горан Пандев, и покрај Илија Несторовски. За мене тоа беше огромна чест да бидам рамо до рамо со Пандев и Несторовски, на чии игри се восхитувам. Жал ми е единствено што уште при првиот мој допир со топката не успеав да постигнам гол, но верувам дека ова е само почеток и во иднина ќе следат уште многу шанси. За мене овој настап е огромен поттик и мотив да продолжам само уште понапорно да работам во Келн и да сонувам во идни успешни години на македонскиот репрезентативен фудбал во што искрено верувам“ – ни изјави по денешниот натпревар Дарко Чурлинов.

IMG_6304

И селекторот Игор Ангеловски не ги штедеше пофалбите за Чурлинов…

„Среќен сум што младиот Чурлинов го имаше своето деби и жал ми е што не успеа да даде гол уште во првиот допир со топката. Му посакувам повеќе среќа на следните натпревари. Тој е голем талент во кој треба да се верува“ – рече Ангеловски.

Се вчитува...