Дарко Чурлинов денеска беше пуштен од болница каде помина подолг временски период поради сепса предизвикана од компликации настанати од заб. Македонскиот репрезентативец помина низ тежок период, но не заборави да се заблагодари за поддршката.
Тој на социјалните мрежи објави порака во која напиша дека истата му дала сила да се бори и повторно да застане на нозе, а едвај чека да се врати на теренот.
„Овој месец беше најтешкиот во мојот живот, но со поддршката која ја добивав, имав сила да се борам да застанам пак на нозе. Конечно, пуштен сум од болница. Сакам да се заблагодарам јавно на сите кои ми помогнаа да ја добијам битката која не беше воопшто лесна. Сега е време за заздравување и ќе направам се за пак да бидам на теренот, да ја играм играта која навистина ја сакам. Уште еднаш, благодарност за поддршката. Напред Македонија“, напиша фудбалерот на Барнли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА